И ШТО СЕГА? - 06.02.2019

НАТО и Mакедонија. Потпишан пристапен протокол за членство

Гледачи: 48

Дата: 7-Фев-2019

Време траење: 01:05:15

Категории: И ШТО СЕГА

Долг беше патот до полноправното членство во северноатлантската алијанса. 20 години минаа или една генерација од поднесувањето на апликацијата за НАТО. Веќе сме на чекор пред Македонија да ја смени својата позиција, од неутрална во држава во сојуз со 29 членки на алијансата. Ова се случува во годината на 7-те декади од основањето на нато, кога најверојатно на самитот во декември Македонија ќе го заземе и официјално и де јуре 30 место во НАТО, инаку надлежен за безбедносната и политичката состојба на околу милијарда луѓе во светот. За ова разговараме со Марјан Ѓуровски продекан на Факултет за Безбедност и генерал Илија Николовски, првиот воен претставник на Македонија во НАТО.