Привршува откупот на тутунот

Откупот на тутунот се очекува наскоро за заврши. Досега се откупени 16 500 тони со просечна цена од 211 денари за килограм. Истовремено со предавањето на родот кое трае заклучно до 15 март, тутунарите веќе го планираат и новото производство за годинава.

Гледачи: 48

Дата: 6-Фев-2019

Време траење: 00:01:23

Категории: ЕКОНОМИЈА

Методија Трајков
Досега од ланската реколта се откупени повеќе од 16,5 илјади тони тутун, со просечна цена од 211 денари за килограм, , а се исплатени повеќе од 90 проценти од преземениот род или скоро 3,5 милијарди денари кои се веќе легнати на сметките на тутунарите.
По завршувањето на откупот кој се очекува набрзо да заврши, ќе почне административна обработка на поднесените барањата за финансиска поддршка и контролата на терен, а во април треба да бидат исплатени субвенциите. Лани 26 390 тутунари добија вкупно 28 милиони евра директна финансиска помош од државата. Годинашнава реколта е помала и се очекуваат околу 22 000, а откупувачите во земјава пријавиле побарувања од 28 000 тони тутун.
Според законот превземањето на тутунот мора да биде до 15 март иако годинава може заврши и многу порано.
Пред да склучат договори за откуп, најдоцна до 31 март, тутунарите мораат да го пријават новото производство за оваа година.Пријавувањето се врши во министерството за земјоделство, односно подрачните единици каде што е местото на живеењето на производителот независно каде се наоѓаат површините со тутун.