Истекува рокот за аплицирање за ИПАРД 2

До крајот на неделава земјоделците можат да аплицираат за финансиска поддршка од ИПАРД 2 огласот. Во него, мерките со кои ќе се кофинансира растителното производство се однесуваат за сите култури освен за тутунот. Со овој повик нема да се финансира купувањето на нови трактори.

Гледачи: 68

Дата: 5-Фев-2019

Време траење: 00:01:14

Категории: ЕКОНОМИЈА

Методија Трајков
Во ИПАРД 2, мерката за растителното производство се однесува за одгледувањето на житарици, индустриски и градинарски растенија, овошните и лозовите насади,трпезното грозје и маслинките.
Во сточарството се финансира одгледувањето на говеда, свињи, овци и кози, бројлери и несилки.
Прифатливи инвестиции исто така се и изградба или реконструкцијата на објекти и фарми, оранжерии, складови за чување на храна и храна за добитокот, амбари или силоси.
Пари ќе има и за магацини, ладилници, калибратори и пунктови за продажба.Ќе се финансира и подигнување на повеќегодишни насади, инвестиции во наводнувањето, во бунари и во ситстемите капка по капка.
Најниската вредност на вкупни прифатливи трошоци е 3.000, а максималната до 1.500.000 евра.
Финансиските средства се доделуваат како неповратна парична поддршка од 60 до 70 проценти доколку се работи за млад земјоделец или инвестиции во планинските подрачја.
Набавката на трактори нема да се субвенционира.
Огласот трае до 9-ти февруари.