И ШТО СЕГА? - 31.01.2019

Корупцијата ја нагризува демократијата

Гледачи: 16

Дата: 1-Фев-2019

Време траење: 01:06:42

Категории: И ШТО СЕГА

Македонската позиција за борбата против корупцијата е на многу ниско ниво. Земјава се уште не е излезена од политичката криза, но и балканскиот менталитет придонесува да се избегнува законитоста. Во емисијата Зоран Богатинов разговара со Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси Интернешнл- Македонија, и со Михајло Маневски, поранешен член на антикорупциската комисија.

Во комбинација со парафункционалноста на институциите, оваа состојба е најизразена во регионот, а Македонија според последниот извештај на Транспаренси Интернешнл го зазема последното, неславно место во справувањето со овој вид криминал. Заедно со косово, сме 93ти на листата. Каде е проблемот? Дали во политичката криза која направи македонија или во пак е тоа е вклучен внатрешен или надворешен фактор. Дали се тоа ниските плати, или алчноста на администрацијата, судството, нивните раководства или е тоа резултат на политичките игри да се задржи власта по секоја цена, независно од квалитетот на животот. Или пак е тоа данок на менталитетот? Како и да е, очигледно е: словото на законот отстапува пред политиката и вредносните критериуми.