Седум нови случаи морбили

Седум нови сомнителни случаи на заразени од морбили се хоспитализирани на инфективната клиника.

Гледачи: 42

Дата: 10-Јан-2019

Време траење: 00:01:28

Категории: МАКЕДОНИЈА

Андријана Атанасовска
Седум нови сомнителни случаи на заразени од морбили се хоспитализирани на инфективната клиника. Сите се на возраст од две години, ја посетувале градинката „Сонце“ во скопската населба Ново Лисиче – потврдуваат од министерството за здравство. Се чека лабораториска потврда. Досега од оваа градинка се заболени вкупно осум деца, ниту едно од нив не било вакцинирано со МРП вакцината. Инаку, во групата имало 28 деца сите невакцинирани.