Закуп на државно земјоделско земјиште

Тече рокот за доставување на понудите за закуп на скоро 1 400 хектари државно земјоделско земјиште во 13 региони. Огласот е наменет за земјоделско производство и за изградба на винарии, кланици, откупни центри, центри за преработка на овошје и зеленчук, оранжерии и други објекти. Парцелите се поголеми од 3 хектари, a закупецот ќе се избира со јавно електронско наддавање.

Гледачи: 66

Дата: 10-Јан-2019

Време траење: 00:01:11

Категории: ЕКОНОМИЈА

Методија Трајков
1 420 хектари државно земјоделско земјиште се нудат под закуп. Парцелите се наоѓаат во 13 региони, а поголемиот дел од ниве се во Штип, Гевгелија, Неготино, Велес, Св.Николе и во Гази Баба.
Времетраењето за користење на земјиштето е различно.Идните корисници доколку се занимаваат со растително произвоидство во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, површините ќе ги добијат за период од 15 до 70 години.
Освен долгогодишни насади се отвора можност и за изградба на винарии, кланици, центри за преработка на овошје и зеленчук, откупни пунктови, млинови, оранжерии и други објекти.
Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица кои мораат да достават банкарска гаранција за учество на огласот.
Почетната цена е од 15 до120 евра за хектар во зависност од катастарската класа и местоположбата на парцелата.
Огласот ќе трае 30 дена од објавувањето, а изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавање.