Демократите изгласаа прекин на блокадата

Новото демократско мнозинство во претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри две мерки за прекин на двонеделното делумно затворање на владата... Решението за повидок се уште не е наповидок бидејќи постои опасност од вето од страна на претседателот Трамп кој бара милијарди долари за граничниот ѕид со Мексико... Лидерот на демократското мнозинство во овој дом Ненси Пелоси повтори дека нема средства за граничната бариера...

Гледачи: 14

Дата: 4-Јан-2019

Време траење: 00:02:16

Категории: СВЕТ

Претставничкиот дом на Конгресот на САД изгласа прекин на делумната блокада на владата, но мнозинство се соочува со закана од вето од претседателот Доналд Трамп. Челникот на Белата куќа предупреди дека ќе биде укината секоја мерка којашто не дозволува финансирање за планираниот граничен ѕид со Мексико. Неговиот жесток противник, новата претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси не го менува ставот. Републиканците во Сенатот веројатно нема да гласаат за легислативата која до февруари ќе обезбедува фондови за операции за националната безбедност, а до септември ќе финансира неколку други Агенции.