И ШТО СЕГА? - 25.12.2018

И ШТО СЕГА?

Гледачи: 20

Дата: 26-Дек-2018

Време траење: 01:06:14

Категории: И ШТО СЕГА

Пратениците исправени пред најважната одлука во нивниот мандат од независноста на Македонија. Да се прифатат или не уставните измени во јануарската собраниска сесија со кои се менува уставното име на државата, да се спроведе менувањето на документите, на учебниците, на историјата. Јазикот и идентитетот заштитени, но дали тоа ќе се одрази и врз најавените промени. Влезот во НАТО и ЕУ е влогот што е ветен, времето тече неумоливо и за граѓаните и за нивните собраниски избраници. И законот за амнестија е во оптек, има ли влијание врз седницата за уставните измени? За застојот во економијата, за обидот да се зголеми социјалната заштита, гледајте во емисијата „И што сега“ со пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Снежана Калеска-Ванчева и Горан Манојоски со уредникот-водител Зоран Богатинов.