Комората на занаетчии: Да се зајакне инспекцискиот надзор

Во Скопје има 5.000 регистрирани занаетчии, двојно поголем е бројот на оние кои работат на црно.

Гледачи: 5

Дата: 7-Дек-2018

Време траење: 00:01:08

Категории: ЕКОНОМИЈА

Во Скопје има 5.000 регистрирани занаетчии, двојно поголем е бројот на оние кои работат на црно. Сивата економија освен што му прави штета на буџетот го уништува и еснафот. Од Комората на занаетчии бараат да се зајакне инспекцискиот надзор. Од Државниот инспекторат пак, велат дека е мал бројот на инспектори, а постапуваат по 40 закони. Најмногу глоби за работа на црно изрекле на автомеханичарите, лакерите, фризерски и козметички салони.