Субвенции за купена и платена пченица

Откупувачите на пченицата можат да поднесуваат барање за новата субвенција. За да добијат финансиска поддршка од 1 денар за килограм купените количества треба да ги платат до 15 декември. Барањата за субвенционирање се доставуваат најдоцна до 25 декември.

Гледачи: 76

Дата: 7-Дек-2018

Време траење: 00:00:56

Категории: ЕКОНОМИЈА

Методија Трајков
Корисници се правните лица регистрирани за преработка на земјоделски производи кои со склучен договор извршиле откуп на пченица од реколта 2018 година од домашно производство.
Финансиската поддршка од 1 денар по килограм се исплаќа за количествата кои се купени најдоцна до 15 септември, а плаќањето е извршено до 15 декември годинава.
Барателите треба да ги поднесат документите до 25 декември со доказ за откупот , извршена исплата и склучениот договор со секое земјоделско стопанство.
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, барањата може да ги доставуваат во Платежната Агенција, а образците може да се подигнат во Агенцијата или на нејзината веб страница.