Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април

Во рамките на предметот за случувањата во Собранието на 27-ми април во Кривичниот суд - Скопје исказ даваше обвинетиот Александар Василевски- Нинџа.

Гледачи: 4

Дата: 6-Дек-2018

Време траење: 00:00:28

Категории: МАКЕДОНИЈА

Во рамките на предметот за случувањата во Собранието на 27-ми април во Кривичниот суд - Скопје исказ даваше обвинетиот Александар Василевски- Нинџа.
Според него, екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски го создал Фронтот за Македонија, а зад оваа организација наводно стоела ВМРО-ДПМНЕ.
Нинџа вели дека на 27-ми април бил информиран од Атанасовски дека СДСМ ќе бира претседател на Собранието и дека во секој момент ќе била прогласена воена состојба.
Нинџа изјави пред судот дека УБК ги следело Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски, иако бил министер за внатрешни работи.