Субвенции за плати на овчарите

Објавен е јавен повик за субвенционирање на платите на овчарите и одгледувачите на добиток. Надоместокот изнесува 100 проценти од просечната нето плата во дејноста. Ова важи само за вработените на фармите кои се наоѓаат на надморска височина повисока од 700 метри. Под оваа граница субвенцијата е 60 проценти.

Гледачи: 39

Дата: 6-Дек-2018

Време траење: 00:01:12

Категории: ЕКОНОМИЈА

Методија Трајков
За чување и пасење на овци, кози или говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височи над 700 метри сточарите имаат право на субвенционирање на платите.
Поддршката изнесува 100 проценти од просечната нето плата во оваа дејноста во периодот од 1 Ноември 2017 до 31 Октомври 2018 година.
Помошта е неповратна, а се добива за едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 50 говеда.