На Скопскиот аеродром пречекан двамилионитиот патник

Со летот од Катар, на Скопскиот аеродром слета двамилионитиот патник. Со поддршка на државата и со нискобуџетски летови и меѓународни промоции, концесионерот ТАВ проектира, до 2022-та на македонските аеродроми ќе бидат опслужени три милиони патници. Владата очекува до крајот на годината да се избере и нискобуџетската компанија што ќе биде субвенционирана.

Гледачи: 13

Дата: 5-Дек-2018

Време траење: 00:02:17

Категории: ЕКОНОМИЈА

Сузана Фиданска- Стоевска
Ја пречекаа платен викенд авионски билет и ваучер за шопинг во Доха. Со пристигнување на летот од Катар, македонските аеродроми ја надминаа бројката од два милиони патници. Зацртаа, со државна поддршка и меѓународни промоции ,до 2022-вата да опслужат три милиони. Од ТАВ очекуваат нискобуџетските компании да продолжат да оперираат. Иако изминатите неколку месеци по пропаѓање на двата повика ги нема субвенциите за евтините авиолетови, менаџментот уверува- македонскиот пазар е развиен, бројот на патници се зоглемува, бележи раст од 18 проценти.