Како изгледа да си лице со инвалидитет во Македонија? Едно прашање, а многу одговори.
Прегледи: ...
Дата: 8-Ноем-2018
Време траење: 00:21:55
Категории: ПЕТТИОТ АНГЕЛ
Како изгледа да си лице со инвалидитет во Македонија? Едно прашање, а многу одговори.
Како е да се биде новинар, кој што треба да работи со и за овие лица? Како да се допре до сржта на проблемите што ги мачат овие наши сограѓани и сето тоа да се спакува во соодветна новинарска сторија, ослободена од патетика и сожалување, но натопена со емпатија. Зашто новинарската работа го гради мостот меѓу инвалидизираните и останатиот свет...Како да се работи за и со овие луѓе? Дебатираа и учеа десеттина колеги од повеќе медиуми, во рамките на работилницата ПОПРЕЧЕНОСТА Е САМО ПРАШАЊЕ НА ПЕРЦЕПЦИЈАТА што се одржа неодамна во Охрид, во организација на Македонскиот институт за медиуми...