Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Дополнителни субвенции за лозарите

Лозарите ќе добиваат дополнителен еден денар субвенција за предадено винско грозје во домашните капацитети. До 25-ти декември ќе можат да аплицираат за дополнителните пари за вранецот и за смедеревката. За време на откупот на пунктовите присуствуваа и претставници на лозарските здруженија за да се намалат евентуалните манипулации со шеќерните единици по кои се одредуваше цената на грозјето...

Гледачи: 83

Дата: 7-Ноем-2018

Време траење: 00:01:08

Категории: ЕКОНОМИЈА

Методија Трајков
Лозарите годинава треба да добијат вкупно еден и пол денар повисоки субвенции за килограм смедеревка и вранец.
Односно по 1 дополнителен денар за килограм и половина денар од зголемените субвенции за еден хектар.
Со програмата за финансиска поддршка во земјоделството, лозарите кои имаат од еден до 10 хектари лозје ќе добијат наместо 40.000 по 48.000 денари за хектар за одржување на насадите.
До 25 декември можат да аплицираат и за дополнителната субвенција за „вранецот“ и „смедеревката“, а со барањето за аплицирање треба да достават и доказ дека грозјето е предадено во домашни винарии.
Според изјавите на откупувачите, годинешнава реколта 2018 година се откупени околу 38 милиони килограми „смедеревка“ и околу 42 милиона килограми „вранец“. Во 2017 година откупната цена за грозјето изнесуваше 13,6 денари за килограм.