Прослава на 11- ти октомври

Со традиционален импровизиран напад на градот, со богат огномет, визуализација на значењето на 11 октомври, но и со прва заедничка прослава на двата града - Прилеп и Куманово, Прилеп го почна одбележувањето на 77 годишнината од почетокот на народното антифашистичко востание 1941-та. Премиерот Зоран заев порача дека нашите предци од македонија создадоа дом на слободата, а наша должност е да обезбедиме сигурен и просперитетен дом зза идните генерации и државата да ја однесеме во европското семејство.

Гледачи: 16

Дата: 11-Окт-2018

Време траење: 00:02:03

Категории: МАКЕДОНИЈА

Нашите предци - државотворци, на 11 октомври 1941-та, направија избор преку борбата против фашистичкиот окупатор, Македонија да ја направат дом на слободата. Наша должност е да ја чуваме таа слобода, да обезбедиме иднина за нашите деца и да реагираме кога некој го блокира развојот. Најголема е должноста на политичките лидери, порача премиерот Зоран Заев при чествувањето во Прилеп на 77 годишнината од почетокот на народното антифашистичко востание.