Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Шилегов најави реформа во градската администрација

Град Скопје почна реформа во градската администрација. Се воведува внатрешна контрола над вработените.

Гледачи: 29

Дата: 14-Септ-2018

Време траење: 00:00:29

Категории: МАКЕДОНИЈА

Град Скопје почна реформа во градската администрација. Се воведува внатрешна контрола над вработените. Во рок од два месеца треба да изготви регистар на сите несработени предмети, по што ќе се категоризираат по тип и време за постапување.
Целта е да се спречи закочувањето на постапките, целта е граѓаните да бидат поштедени и од стрес и од изгубено време талкајќи по шалтери, од канцеларија во канцеларија. Целта е конечно да ги извадиме сите предмети надвор од фиоките, истакна градоначалникот Шилегов.
На овој начин, како што рече, ќе се врати ажурноста во работењето со што граѓаните ќе добиваат навремени и ефикасни услуги.

 
Предлози