Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Ураганот „Флоренс“ го пустоши источниот брег

Северна и Јужна Каролина на удар на ураганот „Флоренс“. Брзината на невремето што влегува на источниот брег на САД, се проценува на 150 км/ч. Над 100 илјади домови се без струја. Властите ги предупредија граѓаните дека им претстои тешка битка со еден од најсилните урагани во последните неколку години...

Гледачи: 13

Дата: 14-Септ-2018

Време траење: 00:01:25

Категории: СВЕТ

Маја Филдишев
Околу 12 илјади домаќинства на брегот на Северна Каролина се без електрична енергија поради ураганот „Флоренс“ којшто почна да го пустоши источното крајбрежје на САД. Според компанијата „Дјук енерџи“, последиците од невремето ќе ги почувствуваат од еден до три милиони жители, влучувајќи го и наслението во Јужна Каролина. Над 20 илјади работници се ангажирани да ја вратат во функција електродистрибутивната мрежа. Милиони Американци се подготвуваат за еден од најкатастрофалните урагани во тој регион во последните неколку години.