Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Трамп ги претстави позициите за глобалните текови

Американскиот претседател ја отфрли можноста Вашингтон да ги укине санкциите кон Русија. Трамп изјави дека мерките ќе останат во сила и покрај барањето на Москва. Ставот на шефот на Белата куќа доаѓа две седмици по средбата со рускиот претседател Путин во Хелсинки.

Гледачи: 30

Дата: 31-Јули-2018

Време траење: 00:01:48

Категории: СВЕТ

Маријана Димовска
Американскиот претседател Трамп ги изнесе своите позиции за глобалните текови и за позицијата на официјален Вашингтон. На заедничка прес- конференција со италијанскиот премиер Џузепе Конте во Белата куќа, тој говореше за односите со Северна Кореја, Иран, Русија, Германија, НАТО. Потенцираше дека заедно со Италија ќе работат на стопирање на тероризмот и на светската илегална миграција. Му се закани на Конгресот дека ќе биде блокиран доколку не бидат одобрени средства за обезбедување и градење на ѕидот долж границата со Мексико.