Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Денеска почнува „Пивофест 2018“

Весело, забавно и полно со гости ќе биде наредниве четири дена во Прилеп. Почнува 16 -тата голема летна манифестација „Пивофест“. Организаторите ветуваат - безбедна и сигурна манифестација со илјадници посетители од земјава и странство, но и многу музички ѕвезди од Македонија и Балканот.

Гледачи: 35

Дата: 12-Јули-2018

Време траење: 00:01:53

Категории: МАКЕДОНИЈА

Добра летна забава, ладна голтка од препознатливиот пенлив пијалак, вкусна скара и туристичка атрактивност, нуди годинашниов Пивофест во Прилеп. Од денеска до недела Прилеп ќе живее со новото Пивофестовско издание.
Се е подготвено за пречекот на гостите. Тие треба само да уживаат, порачуваат пиварниците и скараџиите.