Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Агенцијата за стокови резерви ќе откупува пченица

Агенцијата за стокови резерви објави јавен оглас за откуп на 13 000 тони пченица. Ова го побараа земјоделците за да може да дојде до стабилизирање на откупната цена на најмалку 12 денари за килограм. Огласот ќе трае до 15- ти август.

Гледачи: 47

Дата: 12-Јули-2018

Време траење: 00:01:05

Категории: МАКЕДОНИЈА

Методија Трајков
Агенцијата за стоковни резерви годинава ќе откупи 13.000 тони домашна пченица за потребите на резервите.
На овој начин се оценува дека мелничарите ќе бидат повеќе мотивирани да ја откупуваат домашна пченица за потоа да ја понудат на Агенцијата за стоковни резерви и да се постигне солидна откупна цена за домашното жито.
Од оваа година за прв пат на тендерот за откуп, пченицата ќе може да се продава и во помали количества за на продажбата директно да може да учествуваат и помалите индивидуални земјоделци.
Жетвата на пченицата е почната ,а од министерството велат дека ги следат приносите и квалитетот, врз основа на што ќе биде објавена производствената цена на годинешната пченица. Земјоделците бараат пченицата да чини минимум 12 денари за килограм.
Годинава се очекува да биде родна и со поголемо производство од лани односно околу 300.000 тони пченица, со просечни приноси од 3 до 4 тони по хектар.