Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Пари за обнова и развој на селата

Обновата и развојот на селските средини , општините можат да ги направат со помош на субвенциите од програмата за рурален развој. За финансиската поддршка за оваа намена селата можат да добијат и до 20 милиони денари со квалитетни програми кои ги задоволуваат бараните критериуми барањата се доставуваат до крајот на август.

Гледачи: 81

Дата: 11-Јули-2018

Време траење: 00:01:03

Категории: ЕКОНОМИЈА

Методија Трајков
Изработка на урбанистички планови во рурални средини, селски улици, плоштади, зелени површини и шеталишта се инвестиции за кои општините можат да добија субвенции до 20 милиони денари.Барањато може да се достави по пошта или во платежната Агенцијата до 31 август годинава.
Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на финансирање на завршни проекти во висина од 100 проценти од вредноста на одобрените трошоци за инвестицијата. Парите може да се исплаќаат на две рати или на крајот од реализацијата.
Општините кои имаат незавршени проектите од 2013 и 2015 година или немаат платен ДДВ немаат преаво да аплицираат за мерката во која инвестицијата не е завршена.
Барателите кои ги исполниле условите се рангираат со бодување, а доколку имаат исти бодови рангирањето е според датумот и времето на поднесување на документацијата.