Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Оглас за инфраструктура во селата

Објавен е огласот за субвенционирање на руралната инфраструктура. Владата и оваа година ќе инвестира во селски патишта, мостови и други јавни објекти. Субвенцијата за локалните самоуправи е неповратна и изнесува 100 проценти од прифатените трошоци или најмногу до 20 милиони денари.

Гледачи: 119

Дата: 9-Јули-2018

Време траење: 00:01:02

Категории: ЕКОНОМИЈА

Методија Трајков
До 31 Август општините можат да поднесуваат барања за изградба на локални патишта, мостови, водоводи, добиточни пазари, младински и домови на културата.
Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на финансирање на завршени инвестиции од страна на корисникот во висина од 100 проценти од вредноста на одобрените трошоци.
По барање на корисникот субвенцијата може да се додели во вид на аванс во висина од 20 проценти од вредноста на одобрените трошоци или парите може да се добијат на две рати односно во согласнот со фазите на реализација на инвестицијата.
Општиние кои не завршиле со претходните проектите од 2013 до 2015 година или немаат платено ДДВ за завршените градби, немаат можност да аплицираат за оваа мерка.
Барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за ко-финансирање со платежната Агенција.

 
Предлози