Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Поголем приход патарини, наскоро стартува електронската наплата

Во првата половина од годинава, од патарини се инкасирани за 5,3 насто повеќе од лани. За десетина дена се очекува да проработи електронската наплата, се врши тестирање на системот, вели првиот човек на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов...

Гледачи: 92

Дата: 6-Јули-2018

Време траење: 00:01:35

Категории: ЕКОНОМИЈА

Сузана Фиданска- Стоевска
Електронскиот систем за наплата на патарина на Коридорот 10 е во фаза на тестирање, за 10-тина дена се очекува да биде пуштен во употреба, велат од Јавното претријатие државни патишта. На наплатните станици, Сопот, Отовица и Романовце веќе се врши и наплата со специјална картичка. Во следните два месеца до завршување на правните процедури ќе се плаќа и со пари. Директорот Китанов вели- се утврдуваат правилата со кои ќе се користат смарт картичките и таговите што ќе може да се набават и надополнуваат на бензинските пумпи, на патарините и на граничните премини.

 
Предлози