Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Рокови на набавка на добиток

Триести јуни е последниот рок за поднесување на барања за субвенции за набавка на добиток и за подигнување нови насади. Сточарите кои ги исполнуваат условите имаат право на враќање на сретствата во висина од најмалку 50 проценти од вредност на инвестицијата.

Гледачи: 142

Дата: 14-Јуни-2018

Време траење: 00:01:08

Категории: ЕКОНОМИЈА

Методија Трајков
Неповратната финансиска помош изнесува најмалку 50 проценти од трошоците за набавката на високо стелни јуници , со исклучок на расата буша, и за машки и женски приплодни грла овци, кози и свињи.
Последниот рок за поднесување на барањата е до крајот на овој месец, а субвенцијата се однесува за набавените животни од 1 октомври до 31 декември 2017 -та година.
Ставката за ко-финансирање се зголемува и изнесува 55 за млад земјоделец , 60 за неразвиените подрачја па до 75 проценти за вложувањата во недостапни рурални заедници.
Аплицирањето е по електронски пат , а еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања од целата Програма за рурален развој.
Услов за добивање на субвенциите е земјоделецот да ги има намирено обврските за плаќање на закупнина, водарина и на пашарина.