Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Пари за подигнување нови лозови и овошни насади

Тече рокот за пријавување за субвенции за нови лозови и овошни насади. Поднесувањето на барањата трае до крајот на овој месец, а земјоделците кои инвестирале во ова производство ќе добиваат до 2,5 милиони денари финансиска поддршка .

Гледачи: 179

Дата: 13-Јуни-2018

Време траење: 00:01:03

Категории: ЕКОНОМИЈА

Методија Трајков
До 30 јуни лозарите и овоштарите ќе можат да аплицираат за финансирање на нови насади подигнати од 1 октомври до 31 декември минатата година.
Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност дали се работи за млад земјоделецот и дали овоштарникот или лозјето се наоѓаат во земјоделски неразвиено подрачје.
Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци со површина од најмалку 0,2 хектари и со соодветен број садници на културата која е посадена.
Аплицирањето е по електронски пат, а еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања од целата Програма за рурален развој.
Услов за да се добијат парите е овоштарите да имаат и агрохемиска анализа на почвата и платена водарина и пашарина.
Барателите со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на аплицирањето.

 
Предлози