Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Рацинови средби од 13 до 15 јуни

Еминентни писатели, поети, академици, ќе учествуваат на Рациновите средби, од 13 до 15 јуни, на Лопушник и во Велес.

Гледачи: 22

Дата: 12-Јуни-2018

Време траење: 00:01:04

Категории: КУЛТУРА

Еминентни писатели, поети, академици, ќе учествуваат на Рациновите средби, од 13 до 15 јуни, на Лопушник и во Велес. Ќе бидат збогатени со нови научни содржини и богата културно - уметничка програма. Според градоначалникот на Велес Аце Коцевски, оваа година е особено значајна затоа што се одбележуваат три значајни јубилеи: 110 години од раѓањето, 75 години од смртта на Коста Солев Рацин и 55-то издание на културната манифестација „Рацинови средби. На претстојното издание на престижната манифестација, на поетот Игор Стојаноски ќе му биде врачено рациновото признание за најдобар роман.