Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Трамп и Ким потпишаа историска декларација

Сингапурскиот самит на американскиот и севернокорејскиот лидер Трамп и Ким заврши со потпишување на декларација за нуклеарно разоружување... Челникот на белата куќа предупреди - санкциите остануваат активни се додека не се елиминираат нуклеарките како фактор... Оптимизам, но и резервираност во очекувањата по историската средба во последниве неколку децении...

Гледачи: 31

Дата: 12-Јуни-2018

Време траење: 00:02:08

Категории: СВЕТ

И покрај големата неизвесност за одржувањето и исходот на сингапурскиот самит, лидерите на САД и на Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Јонг-ун во пријателска атмосфера разговараа 45 минути, па потпишаа декларација со четири клучни точки. Се обврзаа на целосна денуклеаризација, воспоставување нови односи меѓу двете земји во согласност со желбите на народите на двете држави за мир и просперитет. Ветија соработка на изградба на долготраен и стабилен мир на Корејскиот полуостров и враќање на воените заробеници.