Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Увоз на свинско месо без царина

До 15-ти ноември годинава месната индустрија без царинска давачка ќе може да увезува свинско месо што е половина од потребните суровини за месните преработки. Со оваа одлука според Министерството за земјоделство нема да се наруши производството на домашно свинско месо бидејќи се работи за времена мерка која трае 6 месеци, а извозот на месни преработки би се зголемил за 10 проценти...

Гледачи: 96

Дата: 16-Мај-2018

Време траење: 00:01:07

Категории: ЕКОНОМИЈА

Методија Трајков
Укинувањето на царинската давачка за увоз на замрзнато свинско месо ќе трае до 15-ти ноември 2018-та година. Со оваа одлука на владата се очекува зголемување на извозот на домашната индустрија за производство на преработки од месо, а ќе се зголеми и бројот на вработените.
Од Министерството за земјоделство сметаат дека со намалувањето на царинските давачки во наредните шест месеци производството на трајни и полутрајни производи од свинско месо ќе се зголеми за околу 3.000 тони, извозот за околу 10 отсто, а бројот на вработени во домашната месна индустрија за порасне за 25 проценти.
Анализите покажуваат дека во Македонија има многу повисоки царински стапки за увоз на замрзнато месо за разлика од од соседните земји, што ја прави македонската индустрија неконкурентна во регионот.
Увозот на замрзнато свинско ќе биде строго контролиран и наменет исклучиво како суровина за преработка.