Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Неделава субвенции за тутунот

Неделава тутунарите треба да ги добијат субвенциите кои годинава за прв пат се пресметуваат на нов начин во зависност од квалитетот на предадениот тутун. За прва класа ќе се добиваат 80, за втора 70, а за трета и за другите класи по 60 денари за килограм...

Гледачи: 119

Дата: 15-Мај-2018

Време траење: 00:01:06

Категории: ЕКОНОМИЈА

Методија Трајков
Неделава треба да почне исплатата на субвенциите за тутунот од ланската реколта.
За парите навреме да легнат на сметката на тутунарите, Платежната агенција ќе направи контрола во монополите за откупените количества и класи, по што ќе се изготват решенијата за исплатата.
Зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат 23.400 тутунари.
Со новиот начин на субвенционирање по класи, за прва ќе се добијат 80 денари, за втора 70, и 60 денари за килограм трета, четврта и за дополнителните класи.
Целта е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повеќе пари.
Истовремено со измените на законот, за сите земјоделци се одложува условот претходно во целост да се платат обврските кон Управата за јавни приходи за да може да се добијат субвенциите што досега беше пречка за нивната исплата.