Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Родителите на убиените бараат од Заев транскрипти за „Монструм“

Многу непознаници за убиствата на четворицата млади и средновечниот маж пред шест години кај Смилковско Езеро. Родителите на убиените бараат да се објават броевите на телефоните кои се водат како државна тајна. Одбраната возвраќа, такви телефонски снимки не постојат. Предметот го презеде СЈО, двајцата пребегнати сѐ уште не се екстрадирани од Косово...

Гледачи: 26

Дата: 17-Апр-2018

Време траење: 00:02:23

Категории: МАКЕДОНИЈА

Анита Димитријевска
Чии се петте телефонски броеви кои се заведени како државна тајна, а преку кои било комуницирано со обвинетите во случајот „Монструм“, праша во судницата таткото на едно од убиените момчиња, Горан Наќевски. Рече дека премиерот Заев на родителите им покажал транскрипт од разговор воден помеѓу функционерот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири, и побара судот да издаде налог за претрес во седиштето на СДСМ, за каде се сомнева дека се кријат доказите, но и ако треба стражарно да го донесе Заев во судница за родителите да се соочат со него и да се потврди дека ја зборуваат вистината.

 
Предлози