Ве молме активирајте JavaScript за да видеото се прикаже.

Јункер: Мора да се отвориме за интеграција кон Западниот Балкан

Мора да се отвориме за интеграција кон Западниот Балкан, тоа е крајно сложен регион, изјави претседателот на Европската комисија, Јункер на пленарната седница во Стразбур. Во пресрет на објавувањето на Извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, Македонија очекува препорака за отворање преговори според досега сработеното.

Гледачи: 14

Дата: 17-Април-2018

Време траење: 00:00:23

Категории: МАКЕДОНИЈА

Во Европскиот парламент во Стразбур денеска ќе биде соопштен најновиот извештај на Европската комисија за Западен Балкан. Македонија според изјавите на дипломати од Брисел ќе добие препорака за почеток на преговорите за членство, но исто така ќе биде нотирано- да се продолжи со исполнувањето на реформските приоритети.