Реакции по одлуката на Трамп за Ерусалим

И покрај заканите и драматичните предупредувања, Соединетите Американски Држави го признаа Ерусалим за главен град на Израел. Палестинскиот претседател Махмуд Абас вели дека тоа ги поништува сите права САД да бидат медијатор во Израелско- палестинските мировни преговори. Осуда и жестоки реакции на муслиманските земји од Блискиот исток...

Дата: 07.12.2017

Време траење: 00:02:22

Гледаност: 13

Категории: Свет

Маја Филдишев
Советот за безбедност на Обединетите Нации свика вонредна седница откако американскиот претседател Трамп еднострано го призна Ерусалим за израелска престолнина. Состанокот е на барање на осум од 15 земји-членки од Советот. Генералниот секретар на Организацијата Антонио Гутереш предупреди дека статусот на Ерусалим се решава исклучиво со разговори меѓу Израел и Палестина. Според резолуцијата 2334 од 23 декември 2016 година, Советот не признава промена на границите од 1967 година, освен доколку е постигнат договор со преговори.



ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО