-Да се биде писател, значи да се запише, да се забележи, да се искреира, да се создаде нешто возвишено од празнината.
Прегледи: ...
Дата: 30-Ноем-2017
Време траење: 00:35:24
Категории: ДОКУМЕНТАРНА ПРОГРАМА
-Да се биде писател, значи да се запише, да се забележи, да се искреира, да се создаде нешто возвишено од празнината. Веле Смилевски, поет, литературен критичар, есеист, книжевен научник, доктор по филолошки науки, добитник на најпрестижните национални ккижевни награди, како и на многубројни меѓународни признанија. Тв средбата со овој наш успешен и почитуван автор, е голем новинарски предизвик и можност да направиме пресек на неговото творештво, да ги отвориме темите за поезијата, таа духовна игра во која емоцијата ја пронаоѓа мислата, а мислата го пронаоѓа зборот.