Владата обелодени уште три случаи на злоупотреби од претходната власт

Набавки од Службата за општи и заеднички работи и во Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, ангажирање советници на поранешниот премиер.

Дата: 13.10.2017

Време траење: 00:00:53

Гледаност: 6

Категории: Македонија

Набавки од Службата за општи и заеднички работи и во Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, ангажирање советници на поранешниот премиер. Владата обелодени три случаи за набавки, тендери и договори склучени од минатата власт, за која постојат, како што рече портпаролот Миле Бошњаковски, основни индиции дека со нив е направена штета на државната каса.
Во првиот случај одговорните лица во СОЗР во периодот од 2014 до 2017 година по објавениот тендер за набавка на авиобилети доставувале барање за понуди само до еден оператор, а не до сите како што биле обврзани согласно договорите.
Во вториот случај, како што соопшти портпаролот Бошњаковски, постојат индиции дека се користени дампинг цени за стоки и услуги, за кои реално се знаело дека нема да бидат набавувани со цел компанијата „Атриум“ од Вевчани да биде најдобро рангирана во тендерската постапка и да се доведе во повластена положба. Во реалноста, оваа компанија извршувала занаетчиски услуги, по цени кои се повеќекратно повисоки од пазарните.
Третиот случај се однесува на договорите за ангажирање на Александар Никовски, Џорџ Р. Пери и Јехшуа Шуки Глајтман за надворешни соработници на поранешниот премиер Никола Груевски. Потписник на овие договори е тогашниот шеф на канцеларијата на Груевски, Мартин Протуѓер и постојат индиции дека неговиот потпис е во спротивност со членот 6 од Одлуката за формирање на канцеларија на претседателот на Владата.
Од Владата соопштија дека е побарана истрага од МВР и почнување на постапка пред државното правобранителство.



ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО